24фудбал

Субашиќ откри што му шепнал Срна пред пеналот на Рамос

Голманот на Хрватска, Данијел Субашиќ открива каква порака добил од Даријо Срна пред да го одбрани пеналот на Серхио Рамос

ЕУРО 2016

Иван Перишиќ е јунакот на „Коцкастите“ во големата победа над Шпанија, но за триумфот заслуга има и голманот Данијел Субашиќ.

Чуварот на мрежата на Хрватска го одбрани пеналот на Серхио Рамос и спречи „Црвената Фурија“ да дојде во ново водство.

Пред да биде изведена најстрогата казна, Данијел Субашиќ доби совет од Даријо Срна, па голманот сега открива каква била пораката.

„Ми пријде Срна и кажа дека Модриќ советува да почекам и да се фрлам на мојата десна страна – вели голманот на „Коцкастите“.

„Пеналите секогаш се лотарија. Против Чешка не можев да сторам ништо.

„Но Рамос го причекав и му го одбранив ударот.