24фудбал

Познати сите осминафинални двојки на Европското првенство

Заврши групната фаза од Европското првенство, по што се формираа сите осминафинални двојки.

ЕУРО 2016

Италија против Шпанија е најинтересниот дуел во осминафиналето од Европското првенство, реприза на последното финале.

Република Ирска е последната селекција која како третопласирана поминува во следната рунда, Турција и Албанија се двете репрезентации кои се елиминирани а не завршија на последното место во групата.

Осминафинални двојки на ЕП:

Швајцарија - Полска

Велс - Северна Ирска

Хрватска - Португалија

Франција - Р. Ирска

Германија - Словачка

Унгарија - Белгија

Италија - Шпанија

Англија - Исланд