24фудбал

Коментаторот полуде по победоносниот гол на Исланд против Австрија (ВИДЕО)

Исланд со голот на Траустасон длабоко во судиското надополнување го завери пласманот во осминафиналето, а коментаторот полуде од среќа по победоносниот гол

ЕУРО 2016

Малиот Исланд вчера забележа огромен успех, откако на своето деби на Европските првенства се избори за пласман во нок-аут фазата.

Исланд со 2-1 ја совлада Австрија и си обезбеди пресметка со Англија во осминафиналето.

Сите дилеми беа решени длабоко во судиското надополнување кога Австрија нападна со сите сили а по една брза контра, Траустасон погоди за победа.

По ваквиот расплет на настаните, коментаторот полуде од среќа.