24фудбал

Официјално: Златко Крањчар е нов тренер на Динамо Загреб

Динамо Загреб и официјално потврди, Златко Цицо Крањчар е го превзема кормилото на тимот, хрватскиот шампион со него доаѓа во Скопје на мегдан со Вардар.

Лига на Шампиони

Противникот на Вардар во квалификациите од Лигата на шампионите направи тренерска промена за следната сезона.

Зоран Мамиќ замина во Саудиска Арабија, а на негово место доаѓа легендата на Динамо Загреб, Златко Цицо Крањчар.

Динамо Загреб го потврди неговиот ангажман и најави дека утре на прес конференција и официјално ќе биде презентиран, а од сабота ги започнува подготовките со тимот.

Крањчар е легенда на клубот, има одиграно 307 натпревари за Динамо и постигнато 125 голови. Како тренер му има донесено четири титули на на клубот, две во првенството и две во купот на Хрватска.