24фудбал

Официјално: Гризман го продолжи договорот со Атлетико Мадрид

Крај на сите шпекулации околу заминувањето на Антоан Гризман од Атлетико Мадрид откако фудбалерот стави потпис на нов договор со шпанскиот клуб.

Шпанија

Гризман потпиша договор со Атлетико Мадрид до 2021 години и ги разочара дел од најголемите европски клубови кои сакаа да го купат.

„Антоан Гризман го продолжи договорот со клубот до јуни 2021 година“ - соопшти Атлетико Мадрид.

Задржувањето на Диего Симеоне на клупата е една од клучните причини поради која и Гризман се решил да остане.

„Многу сум задоволен и среќен што продолжувам да припаѓам на оваа фамилија, на овој проект. Сакам да напредувам секоја години и клубот, тренерите и моите соиграчи можат да ми помогнат да го остварам тоа“ - вели Гризман.