24фудбал

Кинезите на Милан ќе му обезбедат 100 милиони евра за засилувања

Медиумите од Италија пренесуваат дека конзорциумот од Кина кој преговара да го купи Милан ќе обезбеди 100 милиони евра за засилување на тимот во летниот преоден рок

Италија

Силвио Берлускони подолго време преговара со инвеститори од Далечниот Исток и се говори дека до крајот на месецот или во првата недела од јули двете страни ќе треба да си подадат рака.

Новиот сопственик ќе донесе свеж капитал кој ќе му помогне на Милан одново да се врати на победничките патеки

Весникот Тутоспорт пренесува дека конзорциумот од Кина е подготвен да обезбеди 100 милиони евра за засилување на тимот ова лето.