24фудбал

Работнички ги пушти во продажба влезниците за дуелот со Будуќност

Работнички од денеска ги пушти во продажба влезниците за дуелот против Будуќност, тие ќе чинат по 150 денари.

Македонија

Работнички во вторник го игра првиот квалификациски дуел од Лига Европа против Будуќност, од денеска можат да се набават влезниците за овој меч.

Ќе биде пуштена само јужната трибина на арената „Филип Втори“ а билетите ќе се продаваат по цена од 150 денари.

Денеска продажбата ќе се врши онлајн преку МК Тикетс, а од утре и на билетарницата на стадионот „Филип Втори“.

Натпреварот помеѓу Работнички и Будуќност се игра во вторник (28 јуни) со почеток од 18 часот.