24фудбал

Брегзит му прави проблем на Реал, Бејл станува странец

По одлуката на Британците за напуштање на Европската Унија, проблем може да има и Реал Мадрид, Герет Бејл ќе стане странец

Шпанија

Во најсилното првенство на Шпанија клубовите можат да регистриаат тројца играчи надвор од ЕУ.

Реал Мадрид во моментов овие места ги има пополнето со Хамес Родригез, Данило и Касемиро.

Но со излегувањето на Велика Британија од Европската Унија, „Кралевите“ се соочуваат со проблем со оглед на тоа дека во иднина и Герет Бејл ќе биде „странец“.

Реал Мадрид сака да ја продолжи соработката со Велшанецот и да му понуди договор со трајност до 2023, па останувањето на Герет Бејл ќе има влијание врз составот на „Кралевите“.

Добра страна е што Герет Бејл нема преку ноќ да стане играч надвор од ЕУ, преговорите помеѓу Лондон и Брисел за менаџирање на ситуацијата ќе траат неколку години.