24фудбал

Официјално: Тотенхем потпиша со Виктор Ванјама

Тотенхем го комплетираше трансферот на Виктор Ванјама од Саутемптон за сума од 11 милиони фунти.

Англија

Виктор Ванјама од следната сезона ќе го носи дресот на Тотенхем откако потпиша пет годишен договор со клубот.

Ванјама побара трансфер минатото лето по интересот на Тотенхем, но остана и му помогна на клубот да заврши на шестото место на табелата. Сепак ова лето заминува.

„Ова збогување е многу емоционално за мене, да му кажам довидување на клубот кој ми даде шанса да бидам првиот Кениец во Премиерлигата“ - вели Ванјама.

„Никогаш нема да го заборавам времето поминато во Саутемптон, клубот секогаш ќе биде во моето срце“.