24фудбал

Мората се збогува со Јуве: Секогаш ќе бидам горд што ги носев боите на овој клуб

Репрезентативецот на Шпанија, Алваро Мората со писмо на социјалните мрежи се збогува со шампионот на Италија

Италија

По две години поминати во редовите на „Старата Дама“, напаѓачот следниот месец се враќа на Сантијаго Бернабеу откако Реал Мадрид реши да ја искористи откупната клаузула и да го купи Алваро Мората за 30 милиони евра.

По ваквиот развој на настаните, Алваро Мората попладнево со писмо на социјалните мрежи се збогува со Јувентус.

„Здраво на сите – напиша Шпанецот.

„Не ми е лесно да го напишам ова писмо. Најпрво сакам да им се заблагодарам на сите луѓе кои веруваа во мене, кои ми укажаа шанса, се однесуваа добро кон мене и ме направија среќен во Јувентус и Торино.

„Сакам да му се заблагодарам на претседателот Андреа Ањели, на Павел Недвед, Џон Елкан, Бепе Марота, Матео Фабрис и особено на Фабио Паратичи и Хавиер Рибалта. Им благодарам на сите луѓе кои работат за овој голем клуб. Обични работници, физиотерапевти, доктори, обезбедување, готвачи. Во кратки црти, им благодарам на сите кои се дел од Јуве.

„Исто така им се заблагодарувам и на фановите за љубовта и поддршката.

„Им благодарам и на тренерите кои веруваа во мене и ме направија подобар фудбалер, на капитените кои се грижеа за мене и на моите соиграчи за одличните денови поминати заедно, бидејќи победите со нив беа спектакуларни.

„Историјата на клубот и сите инволвирани луѓе ќе остават трага врз мене. Каде и да одам ќе се чувствувам како „Јувентино“ и со гордост и на глас ќе кажам дека сум ги носел боите на Јувентус и дека бев еден од нивните шампиони.

„Уште еднаш ви благодарам на сите што дозволивте да бидам дел од вашето семејство.