24фудбал

Скај Спортс објасни зошто Варди го одбил Арсенал

ТВ каналот Скај Спортс ги наброја причините зад одлуката на Џејми Варди да ги одбие „Топчиите“ и да остане верен на Лестер

Англија

„Лисиците“ вчера соопштија дека постигнале согласност со напаѓачот за нов четири годишен договор и ставија крај на сите шпекулации за трансфер на Џејми Варди во северен Лондон.

ТВ каналот Скај Спортс сега ја објасни одлуката на напаѓачот и ги наброја причините зошто репрезентативецот на „Гордиот Албион“ го одбил Арсенал.

Џејми Варди бил загрижен дека стилот на игра кој го негуваат „Топчиите“, односно големиот посед на топката, не одговара на неговите карактеристики и тој нема да може да го пружи најдоброто.

Минатата сезона, тој беше кошмар за противничките одбрани благодарејќи на страшните контри на Лестер.

Арсен Венгер исто така не можел да му даде гаранции на фудбалерот дека нема да игра надвор од позиција на Емирати.

Џејми Варди верувал дека Лестер има нешто специјално како состав и следната сезона не само што сериозно ќе се бори за одбрана на титулата туку и ќе импресионира во Лигата на Шампионите.