24фудбал

Вилмотс : Ако на Наинголан му забранам да пуши ќе ја демолира собата

Селекторот на Белгија, Марк Вилмотс знае за лошата навика на Раџа Наинголан и му дозволува на играчот да пуши неколку цигари на ден

ЕУРО 2016

Италијанскиот весник Ла Република објави видео во кое неколку репрезентативци на Белгија гледаат фудбалски натпревар, а Раџа Наинголан беше уловен како мавта со кутија цигари.

Марк Вилмотс вели дека знае за лошата навика на Раџа Наинголан, селекторот на „Црвените Ѓаволи“ исто така открива дека фудбалерот на Рома секогаш добива соба со балкон и пушти по 5-6 цигари на ден.

„Да, Раџа пуши – вели Вилмотс. „Тоа му е навика. Флексибилен сум по ова прашање и нема да му забранам. Се работи за неговото тело.

„Се додека прикажува добри игри на теренот, нема никаков проблем.

„Секогаш му обезбедуваме соба со балкон за да не се активира алармот. Мислам дека е единствениот реепрезентативец на Белгија кој пуши..

„ Доколку му забранам да пуши 5-6 цигари на ден мислам дека ќе ја демолира собата.

„Веројатно ќе се пензионира на 30 години наместо на 35.