24фудбал

Реал и ги мати сметките на Барса, се приклучува во трката за потписот на Габриел Жезус

Медиумите од Шпанија пренесуваат дека Флорентино Перез дал наредба да се започнат преговори за ангажман на талентот на Палмеирас, Габриел Жезус

Шпанија

19 годишниот офанзивен фудбалер се најавува како следната млада ѕвезда од Бразил и го привлече вниманието на неколку клубови од Европа, помеѓу кои Барселона, Манчестер Сити, Манчестер јунајтед, Јувентус и Баерн Минхен.

Се верува дека „Каталонците“ ја предводат трката, техничкиот директор на Барса, Раул Санљехи оваа недела отпатува за Бразил и веќе го следеше дуелот помеѓу Палмеирас и Америка Минеиро, натпревар на кој Габриел Жезус во два наврати се запиша во листата на стрелците.

Но во трката за потписот на тинејџерот сега се приклучува и Реал Мадрид, според пишувањата на Марка, Флорентино Перез дал наредба веднаш да се започнат преговори.

Во договорот на играчот има откупна клаузула вредна 24 милиони евра која можат да ја активираат неколку клубови од Европа, и веројатно ова ќе биде сумата што на крајот ќе биде платена за услугите на новиот талент од Бразил.