24фудбал

Шансите за Нејмар да се пресели во Реал се нула

Таткото на Нејмар ја отфрла можноста неговиот син да се пресели во лутиот ривал на Барселона, Реал Мадрид

Шпанија

Агентот на Бразилецот неодамна откри дека има три клуба кои се спремни да платат 200 милиони евра и да ја активираат откупната клаузула во договорот на Нејмар.

Тој не ги откри имињата но се верува дека се работи за Реал Мадрид, ПСЖ и Манчестер јунајтед.

Во разговор со Фокс Спортс Бразил, таткото на Нејмар сега потенцира дека напаѓачот има уште две години од договорот со Барселона и додава дека неговиот син во блиска иднина нема да го облече дресот на лутиот ривал Реал Мадрид.

„Барселона го поседува Нејмар и секој предлог што пристигнува за Нејмар мора да помине преку Барселона – вели таткото на напаѓачот.

„Ние не треба да зборуваме за тоа, бидејќи Нејмар е под договор со Барселона и клубот ја контролира ситуацијата

„Шпекулациите се се погласни па јасно е дека Нејмар е свесен за нив. Знаеме дека неколку клубови се заинтересирани за него, но тоа не значи дека ние преговараме со некого.

„Нејмар е под договор со Барселона, има уште две години, треба да ги одработи и тој е среќен на Камп Ноу.

Запрашан за можноста неговиот син да заврши во Реал Мадрид, тој кратко одгвоори: „Шансите се нула.