24фудбал

Мурињо со 120 милиони евра ќе го враќа Пол Погба во Манчестер јунајтед

Според пишувањата на АС, Жозе Мурињо и „Црвените Ѓаволи“ се спремни да платат 120 милиони евра за враќање на Пол Погба на Олд Трафорд

Англија

Весникот, кој е близок до раководството на Реал Мадрид, вели дека „Кралевите“ неодамна имале средба со агентот на Пол Погба но полека се предомислуваат поради астрономските суми кои се потребни за реализирање на зделката.

АС пренесува дека на Реал Мадрид му било соопштено дека на Јувентус ќе треба да плати околу 120 милиони евра, како и годишна плата на Пол Погба од 12 милиони евра, со што Французинот ќе стане вториот најплатен играч на Сантијаго Бернабеу.

И додека овие бројки го „оладиле“ интересот на Реал Мадрид, АС вели дека Жозе Мурињо и Манчестер јунајтед се спремни да платат колку што треба за да стигнат до потписот на Пол Погба.

Некои медиуми дури шпекулираат дека „Специјалниот“ ќе отпатува за Париз во обид лично да разговара со играчот и да го убеди да се врати на Олд Трафорд.