24фудбал

Заборавете на Рамзи и Фелаини, Перишиќ има нова луда фризура! (ФОТО)

Хрватска денеска го слави Денот на државноста па Иван Перишиќ со посебна фризура ќе настапи на дуелот против Португалија

ЕУРО 2016

Иван Перишиќ до сега беше во центарот на медиумското внимание поради одличните настапи на ЕУРО 2016, но репрезентативецот на Хрватска со својата нова фризура сигурно дополнителено ќе го привлече вниманието на јавноста.

Фудбалерот на Интер реши да ја офарба косата во боите на шаховницата.

Новата фризура Иван Перишиќ ќе ја промовира вечерва на дуелот со Португалија, натпревар кој започнува во 21 часот.