24фудбал

Халгримсон: Играме без притисок, светот сигурно нема да се сруши доколку Исланд загуби од Франција

Селекторот на Исланд, Хеимир Халгримсон вели дека тие релаксирани ќе влезат во дуелот против „Триколорите“ во четвртфиналето на ЕУРО 2016

ЕУРО 2016

Во понеделникот Исланд направи огромно изненадување и славеше над големата Англија со 2-1.

Пред малата островска земја сега е дуелот со домаќинот Франција.

Зборувајќи на денешната прес конференција, селекторот Хеимир Халгримсон вели дека тие релаксирано ќе влезат во натпреварот, ќе се обидат да победат, но нема да биде страшно доколку загубат.

„Англија имаше многу поголем притисок отколку Исланд – вели Халгримсон. „Тие можеа сè да загубат. И мислам дека токму ова имаше големо влијание.

„Ние немаме што да загубиме, веќе ги освоивме симпатиите на фановите. Ова ни овозможува релаксирани да влеземе во натпреварот и да го пружиме најдоброто.

„Против Франција ќе биде исто, немаме никаков притисок.

„Ќе се обидеме да победиме, но нема да биде страшно доколку загубиме. Светот нема да се сруши доколку не триумфираме над Франција.

„Ова е голема предност.