24фудбал

Едер открива како бил мотивиран од Роналдо

Херојот на Португалија, Едер открива што му кажал капитенот Кристијано Роналдо пред да влезе во игра

ЕУРО 2016

Кристијано Роналдо поради повреда уште во раната фаза од средбата мораше да биде повлечен од игра, па од клупата за резерви делеше совети до своите соиграчи во поголемиот дел од натпреварот.

Но и без својата најголема ѕвезда, Португалија успеа да стигне до историска победа на Европските првенства благодарејќи на голот на Едер во 110. минута.

Херојот на „Селесао“ по крајот на натпреварот откри што му кажал капитенот Кристијано Роналдо пред да влезе во игра.

„Роналдо ми кажа дека јас ќе го постигнам победоносниот гол – вели напаѓачот.

„Ми даде сила и енергија, неговата мотивација беше важна за погодокот што го постигнав.