24фудбал

Телма ги откупи правата за натпреварот Динамо Загреб - Вардар

Љубителите на фудбалот во нашата земја ќе можат низ пренос да го проследат натпреварот помеѓу Динамо Загреб и Вардар, телевизија Телма ги откупи правата за натпреварот.

Лига на Шампиони

Реванш мечот од второто квалификациско коло од Лигата на шампиони, помеѓу Динамо Загреб и Вардар ќе може да се проследи низ директен пренос на телевизија Телма која ги откупи правата за натпреварот.

Вардар ќе се обиде да ја анлуира негативата од првиот натпревар кој го загуби со 2-1.

Натпреварот се игра во среда со почеток од 20:45.