24фудбал

Покемон лудилото го зафати и фудбалот, клуб од Финска прослави гол преправајќи се дека бара покемон (ВИДЕО)

Илјадници луѓе во светот се заразија со играта Покемон Гоу, а ниту фудбалот не останува имун на Покемон лудилото

Видео

Клуб од САД минатата недела ја искористи играта Покемон Гоу за да престави две нови засилувања, а сега, фудбалерите на финскиот клуб РоПС отидоа чекор понапред.

На дуелот со Лахти откако го отворија резултатот во 2. минута, гостинските фудбалери го прославија голот преправајќи се дека бараат покемони.