24фудбал

Вардар го напаѓа Динамо Загреб на „Максимир“

Вардар вечерва го игра реванш квалификацискиот натпревар од Лигата на шампионите против Динамо Загреб, македонскиот шампион брка негатива од 2-1, тимот на Гоце Седлоски верува во чудо, офанзивна тактика е неопходна, бидејќи потребни се најмалку два гола.

Лига на Шампиони

Вардар ќе има тешка мисија во Загреб, негатива од 2-1 и силен противник пред себе, но во фудбалот има изненадувања, на едно такво се надева и македонскиот тим.

Варадаровата експедиција на гостувањето отпатува со голема мотивација и надеж дека може да ги израдува своите фанови. 

Пристапот на теренот на фудбалерите на Гоце Седлоски мора да биде таков каков што и најавуваат во изјавите пред натпреварот. Храбро, без страв, со максимална концентрација да се обиде да се изненади противникот.

Вардар има проблеми со отсутни фудбалери, во составот ќе го нема Горан Попов поради повреда и Мијушковиќ поради вирус. За разлика од македонскиот првак, Динамо Загреб ќе биде засилен со најдобриот свој играч, Марко Пјаца за кого дуелот со Вардар ќе биде негов последен за хрватскиот клуб, до крајот на неделата треба да стане фудбалер на Јувентус.

Гоце Седлоски мора да постави офанзивна игра, за да направи изненадување Вардар треба да даде најмалку два гола, потребен е атак на противничкиот гол и неколку пати да се тресе неговата мрежа. Во стартниот тим би требало да биде и новајлијата Балотели кој натпреварот во Скопје го почна од клупата.

Динамо Загреб е голем фаворит за пласман во следната фаза, Вардар мора да одигра на највисоко ниво за да направи чудо и да остане во квалификациите од Лигата на шампионите.

Натпреварот се игра вечерва со почеток од 20:45 часот, со директен пренос на телевизија Телма.