24фудбал

Мурињо ќе му дозволи на Мата да остане но под еден услов

Жозе Мурињо ќе му дозволи на Хуан Мата да остане на Олд Трафорд, но менаџерот на Манчестер јунајтед му поставил еден услов на Шпанецот

Англија

Хуан Мата две години по ред беше најдобар играч на Челси, но откако „Специјалниот се врати на Стемфрод Бриџ во 2013, фудбалерот веднаш беше префрлен на клупата за резерви бидејќи не се вклопуваше во тактиката на Португалецот.

Па во јануари 2014, Челси го продаде Хуан Мата на Манчестер јунајтед.

Жозе Мурињо ова лето пристигна на Олд Трафорд и веднаш почнаа да кружат гласини дека Шпанецот одново ќе биде жртва на стратегот и ќе биде еден од првите кој ќе замине од Олд Трафорд.

Но последните информации велат дека „Специјалниот ќе му дозволи на Хуан Мата да остане, но под еден услов.

Репрезентативецот на „Црвената Фурија ќе треба да се задоволи со ограничена минутажа и ќе настапи на само една третина од натпреварите.