24фудбал

Дортмунд го надигра и убедливо го победи Манчестер јунајтед

Борусија Дортмунд со убедливи 4-1 го победи Манчестер јунајтед на турнејата во Кина, Жозе Мурињо доживеа прв и висок пораз кормилото на „црвените ѓаволи“.

Англија

Вториот пријателски натпревар за Манчестер јунајтед не помина најдобро, тимот на Жозе Мурињо е надигран од Борусија Дортмунд.

Дортмунд почна силно уште од самиот старт на мечот, со головите на Кастро и Обамејанг од пенал поведоа со 2-0 пред полувремето.

Во 57. минута Дембеле постигна одличен погодок откако најпрво си поигра со Макус Рохо.

Две минути подоцна Манчестер јунајтед успеа да намали на 3-1 со првиот гол на Мхитарјан за англискиот ти, но пред самиот крај Кастро со својот втор погодок на мечот ги постави конечните 4-1.

Жозе Мурињо може да извади многу поуки од овој пораз и подобро да се подготви за следниот дуел, во понеделник против Манчестер Сити.