24фудбал

Ракитиќ реагираше на шпекулациите за негово заминување од Барса

Хрватскиот фудбалер, Иван Ракитиќ ја имаше својата прва реакција на шпекулациите кои го поврзуваат со заминување на Барселона.

Шпанија

Барса за 50 милиони евра го донесе Андре Гомеш кој е директна конкуренција на Ракитиќ за место во стартниот тим.

Веднаш по неговото доаѓање се појавија шпекулации дека Ракитиќ заминува од Барселона. А агентот Микуел Сорс на твитер објави: „Време е за заминување“.

Ракитиќ вели дека полека се подготвува за новата сезона и Микуел Сорс не е негов агент.

„Полека се подготвувам за новата сезона. Едвај чекам. И да се знае, за мене работи само Артуро Каналес. Напред Барса“ - напиша Ракитиќ на својот инстаграм профил.