24фудбал

Ивановски почна да ги тресе мрежите за Славен Белупо (ВИДЕО)

Македонскиот фудбалер, Мирко Ивановски беше главен играч на Славен Белупо во победата над Цибалија од 3-2 постигнувајќи два погодоци.

Македонија
Мирко Ивановски најавува дека Македонија може да добие нова ѕвезда во хрватското првенство како што тоа беше Илија Несторовски во минатата сезона.
 
Ивановски со два гола беше најзаслужен за победата на Славен Белупо над Цибалија од 3-2.
 
Македонецот прв пат ја тресеше мрежата во третата минута за водство од 1-0, а потоа во 73. минута погоди за 2-2. Бариќ во 86. го постигна победничкиот гол за Славен.