24фудбал

Бабунски додаден во составот на Црвена звезда за дуелите со Лудогорец

Македонскиот фудбалер, Давид Бабунски е додаден на листата на играчи кои ќе бидат во комбинација за натпреварите од квалификациите од Лигата на шампионите против Лудогорец.

Македонија

На местото од вториот Македонец во Црвена звезда, Даниел Аврамовски, Давид Бабунски е ставен во составот за Лигата на шампионите.

Бабунски не беше во комбинација за дуелите против Валета, потег на тренерот кој наиде на реакции од српските медиуми и навивачите на Звезда.

Грешката е поправена, Бабунски ќе биде во составот за дуелите со Лудогорец, останува да видиме дали ќе добие и минутажа на теренот против бугарскиот тим.