24фудбал

Меси го скрати одморот и се приклучува на подготовките на Барса

Лионел Меси не може без фудбал, Аргентинецот една недела порано го заврши одморот и се приклучи на подготовките на Барселона.

Шпанија

По напорната сезона која кулминираше со поразот на Аргентина во финалето од Копа Америка, Меси доби одмор до почетокот на август.

Но, Лео Меси не може без фудбал, Аргентинецот го скрати одморот и се приклучи на подготовките на Барселона кои од понеделник ќе бидат во Англија, а во сабота имаат меч против Селтик во Даблин.

Жерард Пике, Андрес Иниеста, Иван Ракитиќ како и новите засилувања Самуел Умтити и Лукас Дињ остануваат на одмор по настапите на Европското првенство.