24фудбал

Сезоната уште не почнала а Мурињо веќе плаче поради распоредот

„Специјалниот“ се пожали дека настапот во Лига Европа може да им наштети на шампионските амбиции на Манчестер јунајтед во Премиерлигата

Англија

„Црвените Ѓаволи“ минатата сезона завршија на петтата позиција на табелата, па сега ќе играат во најмасовното европско натпреварување.

Четврток е денот резервиран за натпреварите во Лига Европа, и Жозе Мурињо вели дека ова го става Манчестер јунајтед во најлошата можна ситуација при атакот на титулата во Премиерлигата.

„Премиерлигата не ви прави никакви услуви – вели Португалецот. „Ќе играме во Лига Европа во четврток, но мислам дека нема да ни дозволат да играме во понеделник.

„Ќе не натераат да играме во недела и тоа во 12 часот.

„Па се наоѓаме во најлошата можна ситуација. Нема ништо полошо од ова доколку сакате да се борите за титулата во Премиерлигата.

„Па многу полесно е за тим кој игра во Лигата на Шампионите. И очигледно, уште полесно за тим како Челси кој нема да игра во Европа.

„Цела комплетна недела за работа во текот на сезоната, секој сонува за тоа. Секој менаџер кој сака да го подобри својот тим сонува за ова.