24фудбал

Милан фаворит за потписот на Квардадо

Според италијанските медиуми, Милан е нов фаворит за потписот на Хуан Квардадо, тие веќе се во преговори со Челси.

Италија

Колумбискиот фудбалер минатата сезона ја помина на позајмица во Јувентус по што се врати во Челси, но најверојатно ќе остане во Серија А.

Првично се прогнозираше дека Јувентус ќе го откупи, но последните информации велат дека тој би можел да заврши во Милан.

Причина за тоа е Винченцо Монтела, тренерот под чие водство Квардадо настапуваше за Фиорентина.

Според „Скај Спортс Италија“, претставници на Милан веќе стапиле во контакт со луѓе на Челси. Цената на Квардадо е околу 30 милиони евра.

Милан се обидува да договори едногодишна позајмица со опција целосно да го откупи Квардадо.