24фудбал

Манџукиќ се сели во Премиерлигата?

Хрватскиот напаѓач, Марио Манџукиќ најверојатно ќе го напушти Јувентус во летниот преоден рок, заинтересиран за неговиот потпис е Вест Хем.

Англија

Јасно е дека првата виолина во нападот на Јувентус следната сезона ќе биде Гонзало Игуаин, што значи дека Манџукиќ ќе треба ја грее клупата ако реши да остане во италијанскиот шампион.

Ситуацијата на Манџукиќ будно ја следат клубовите на кои им треба напаѓач, еден од нив е и Вест Хем.

Славен Билиќ ќе се обиде да го наговори неговиот сонародник да се пресели во Вест Хем и очекувањата се дека ќе успее во тоа.

Двата клуба се во контакт бидејќи следниот месец во Лондон ќе одиграат пријателски натпревар и тоа ќе биде можност да се договорат и деталите околу трансферот.

Јувентус нема да се откаже евтино од услугите на Манџукиќ и покрај тоа што ќе го има Игуаин, но Вест Хем не би требало да има проблеми да ја плати бараната оштета.