24фудбал

Фризерот го „прелажал“ Меси да ја смени бојата на косата (ФОТО)

Лионел Меси синоќа го покажа новиот имиџ кој веднаш стана хит на социјалните мрежи, а главен виновник за промената е неговиот фризер.

Шпанија

Лео Меси имаше тешко лето. По поразот со Аргентина во финалето во кое промаши клучен пенал, се откажа од националниот дрес.

Надвор од теренот стигна пресудата за затајување на данок, па Меси повторно беше во центарот на вниманието поради негативни работи.

По тешкиот период ѕвездата на Барса замина на одмор, но реши пред време да го заврши и со нов имиџ ги почна подготовките за новата сезона.

Новата фризура на Меси наиде на многу реакции, претежно луѓето го исмеваа Аргентинецот, а најзаслужен за тоа е неговиот фризер кој му го предложил новиот изгледа.

Тој на својот инстаграм профил напиша: „Секогаш е задоволство кога го праам она што го сакам... уживам... се забавувам и кој е подобар во тоа од тебе Лео... ти благодарам што ми веруваш и уживај во животот со овие мали детали“.