24фудбал

Сезоната почнува со пелагониското дерби, Победа против Пелистер во 1. коло

Новата сезона од Македонската прва лига започнува со дерби натпревар, Победа ќе го пречека Пелистер уште во првото коло, шампионот Вардар против Шкупи ја започнува одбраната на титулата.

Македонија

На 7. август атмосферата во Прилеп ќе биде жешка, Победа по подолго време се враќа во Првата лига, а уште во првото коло за противник ќе го има големиот ривал и сосед од Битола, Пелистер.

Шампионот Вардар новата сезона ја започнува на домашен терен против Шкупи.

Интересен ќе биде и скопскиот дуел помеѓу повратникот Македонија Ѓорче Петров и Работнички.

Шкендија игра со Силекс, додека Брегалница се среќава со Ренова.

Од оваа сезона прволигашите ќе играат по четири кружен систем, значи ќе се одиграат вкупно 36 кола. Сезоната стартува на 7 август, а есенскиот дел завршува на 4. декември. По зимската пауза пролетниот дел почнува од 19. февруари.

1. коло 7 август 17:30

Победа - Пелистер

Вардар - Шкупи

Македонија ЃП - Работнички

Шкендија - Силекс

Брегалница - Ренова