24фудбал

Како изгледаше теренот на стадионот на кој требаше да играат Јунајтед и Сити (ФОТО)

Поради лошите временски услови кои го оштетија теренот беше одложено големото дерби на Манчестер помеѓу Јунајтед и Сити кое требаше да се одигра на стадионот „Птичјо гнездо“ во Пекинг.

Англија

Силниот дожд во Пекинг направи големи оштетувања на теренот на стадионот на кој требаше да се одигра натпреварот, па организаторот и клубовите заклучија дека нема услови за фудбал.

На 19. и 20. јули во Пекинг се случило едно од најголемите невремиња во поблиската историја на овој град, а дождови имало и на 21. и 22. јули. 

Гвардиола и Мурињо не сакаат да ризикуваат со очајниот терен на кој лесно може да се заработи повреда, па нивниот прв дуел како тренери на тимовите од Манчестер ќе биде во Премиерлигата.