24фудбал

Трансферот на Погба во Јунајтед ќе биде потврден во среда?

Според некои италијански медиуми, трансферот на Погба од Јувентус во Манчестер јунајтед официјално ќе биде потврден во среда.

Италија

Манчестер јунајтед и Јувентус се во финални преговори за трансфер на Пол Погба и наскоро се очекува тој да биде потврден.

„СпортМедиасет“ информира дека официјалната објава ќе се случи во среда.

Манчестер јунајтед на Јувентус ќе му плати 120 милиони евра, а ќе треба да одвои плус околу 20 за агентот Мино Раиола.

Останува да видиме дали ќе се остварат најавите на италијанските медиуми, но во секој случај не се очекува трансфер сагата на Погба да трае уште долго. Мурињо го сака фудбалерот пред почетокот на новата сезона.