24фудбал

Балотели го допира дното, тренира во резервите на Ливерпул и чека понуда

Марио Балотели важеше за еден од најголемите таленти на италијанскиот фудбал, но сега е со резервниот тим на Ливерпул и чека да го побара некој за да замине.

Англија

Напаѓачот никогаш не успеа да го оствари својот потенцијал, неговата кариера се движи во надолна линија, а можеби веќе го достигна дното.

Јирген Клоп не смета на Марио Балотели, па затоа тој не ни тренера со првотимците, префрлен е со резервите каде што работи и чека понуда.

„Работам напорно со тимот на резервите. Тренингот е одличен, исто и соиграчите“ - напиша Балотели на својот инстаграм профил.

Балотели чека понуда за заминување, но тешко дека уште некој голем тим ќе се прелаже. Во моментов реалност за напаѓачот се помалите клубови од големите лиги, или можеби некој трансфер во Кина или САД.