24фудбал

Барса ги откри деталите од трансферот на Андре Гомеш

Андре Гомеш во среда официјално ќе биде потврден за нов фудбалер на Барселона, шампионот на Шпанија попладнево ги откри деталите од трансферот на Португалецот

Шпанија

22 годишниот фудбалер од средниот ред утре ќе пристигне во Барселона на лекарски прегледи, а во среда ќе стави потпис на пет годишен договор и ќе биде презентиран пред фановите и медиумите.

За услугите на Андре Гомеш, Барса на Валенсија ќе и плати 35 милиони евра, како и додатни 20 милиони евра во бонуси поврзани со перформансите на играчот и тимот.

Португалецот исто така може да заработи 15 милиони евра доколку освои неколку „Златни Топки“ во дресот на „Каталонците“.

Откупната клаузула на Андре Гомеш ќе биде поставена на 100 милиони евра.