24фудбал

Мамиќ си поднесе оставка од потпретседателската фунцкија во Хрватската фудбалска федерација

Здравко Мамиќ комплетно се повлече од фудбалот откако се повлече и од функцијата потпретседател на ХНС, претходно замина и од местото извршен претседател во Динамо Загреб.

Останато

Здравко Мамиќ кој се терети дека го оштетил Динамо Загреб и Хрватска за милиони евра, не е повеќе потпретседател на ХНС. Ваквата одлука тој ја пренесе преку соопштение.

„Почитувана хрватска јавност. Како што веќе знаете од јануари оваа година повеќе не сум извршен претседател на Динамо Загреб. Тоа го направив од причина Динамо во кој со години се колнев да може непречено да чекори во иднина. Сега од истите причини и со многу тага заминувам од местото прв потпретседател на Хрватската фудбалска федерација. Не сакам повеќе да бидам причина поради која поединци ќе ги смалуваат успесите на моите колеги од Хрватската фудбалска федерација и Динамо за фантастичните резултати кои веќе со години ги веселат нашите сограѓани. Не сакам моето име да служи како изговор за нанесување на штета на угледот на хрватскиот фудбал кој со својата работа и своите резултати служи за пример. За хрватскиот фудбал ја дадов својата душа и сто свое знаење па се надевам дека ќе продолжи и понатаму со низата на фантастични работи како и досега, за кои ќе зборува целиот свет, тоа им го посакувам од срце. Јас во иднина ќе се посветам на својата приватна ситуација и уверен сум дека ќе ја докажам својата невиност за се што ме теретат. Хрватската фудбалска федерација и Динамо во мене секогаш имаат најверен навивач“ - стои во соопштението на Мамиќ.