24фудбал

Јуве во последен обид да вметне неколку играчи во трансферот на Игуаин

Медиумите од Италија пренесуваат дека Јувентус вечерва уште еднаш ќе се обиде да го убеди Наполи во трансферот на Гонзало Игуаин да бидат вметнати неколку играчи

Италија

Според Скај Италија, генералниот директор на „Старата Дама“, Бепе Марота ќе има телефонски разговор со првиот човек на Наполи, Аурелио Де Лаурентис.

Јувентус за последен пат ќе се обиде да вметне еден или повеќе играчи во трансферот на Гонзало Игуаин.

„Наполитанците“ ќе можат да бираат од Роберто Перејра, Даниеле Ругани, Стефано Стураро и Симоне Ѕаѕа.

Доколку Де Лаурентис остана на цврстиот став дека не сака да преговара, Јувентус ќе ја активира откупната клаузула во договорот на Аргентинецот.