24фудбал

Јуве го убедува Погба: Остани за да атакуваме на титулата во Лигата на Шампионите

Медиумите од Италија пренесуваат дека Јувентус се обидува да го убеди Пол Погба да остане во Торино за атак на титулата од Лигата на Шампионите

Италија

Французинот е топ тема на медиумите изминатиов период и се верува дека е на чекор до враќање на Олд Трафорд во рекорден трансфер вреден 120 милиони евра.

И додека Мино Рајола силно притиска за трансфер во Манчестер јунајтед, последните информации велат дека Јувентус се обидува да го убеди Пол Погба да остане во Торино.

„Старата Дама“ е многу блиска до ангажман на Гонзало Игуаин, и лидерите на Јувентус ќе се обидат да му објаснат на Пол Погба дека со негово останување и новите засилувања тие ќе бидат едни од главните кандидати за триумф во Лигата на Шампионите.

Манчестер јунајтед во моментов не може да му го понуди ова, „Црвените Ѓаволи“ во новата сезона ќе се задоволат само со настап во Лига Европа.