24фудбал

За трансфер на Икарди во Наполи, сопругата на напаѓачот ќе добие улога во филм

Медиумите од Италија пренесуваат дека првиот човек на Наполи, Аурелио Де Лаурентис има интересен предлог со цел да стигне до потписот на Мауро Икарди

Италија

Напаѓачот на Интер е прва желба на „Наполитанците“ за замена на Гонзало Игуаин, кој е многу блиску до преселба во Јувентус.

Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис вчера се сретна со Ванда Нара, сопругата на Мауро Икарди.

Се говори дека клубот од Сан Паоло на Аргентинецот му нуди годишна плата од 6 милиони евра.

Покрај богатиот договор за напаѓачот, Де Лаурентис на Ванда Нара и понудил и улога во неговиот нов филм, „Божиќ во Лондон“.

Двете страни се блиску до договор, но сега останува потешкиот дел од задачата, Наполи треба да пронајде заеднички јазик и со Интер, а во моментов „Нероаѕурите“ инсистираат дека Мауро Икарди не е на продажба.