24фудбал

Реал одбил 10 милиони евра за играч од резервниот тим

Според пишувањата на АС, Реал Мадрид одбил 10 милиони евра за 19 годишниот Кинез, Лин Лиангминг

Шпанија

Минатото лето, Лин Лиангминг се пресели на Сантијаго Бернабеу во зделка вредна околу 300 000 евра, и стана првиот фудбалер од Азија кој потпишал за „Кралевите“.

Првата сезона тој ја помина во тимот до 19 години, а подготовките за новата сезона ги започна со Реал Мадрид Кастиља.

И покрај тоа што е далеку од првиот тим, АС вели дека на адреса на шампионот на Европа пристигнала богата понуда.

Весникот пренесува дека Хебеи најпрво понудил 7 милиони евра, а потоа и 10 милиони евра за талентираниот Лин Лиангминг.

Но и во двата случаи одговорот на Реал Мадрид бил негативен и „Кралевите“ порачале дека 19 годишниот Кинез не е на продажба.