24фудбал

Додека Мурињо е на кормилото Јунајтед нема да патува во Кина

Португалецот е крајно незадоволен од турнејата на Манчестер јунајтед во Кина, англискиот тим нема во блиска иднина да се врати на подготовки во оваа земја.

Англија

Извршниот директор Ед Вудворд на заминување од Кина изјави дека тие ќе се вратат наскоро, но медиумите од Англија дознаваат дека тоа нема да се случи.

„Тајмс“ пишува дека во Јунајтед се крајно незадоволни од престојот во Кина, временските услови ги нарушиле подготовките, а Жозе Мурињо и јавно се пожали на прес конференција изразувајќи надеж дека никој од неговите играчи нема да се повреди.

Се верува дека додека Жозе Мурињо е на клупата на Јунајтед, тимот нема да има подготовки во Кина, како можни дестинации за следното лето надвор од Европа се САД и Јужна Африка. Последниот збор ќе го има Португалецот.