24фудбал

Провизијата на Рајола го кочи трансферот на Погба

Медиумите од Италија пренесуваат дека големата провизија од 20 милиони евра која треба да ја добие агентот Мино Рајола го кочи трансферот на Пол Погба

Англија

Манчестер јунајтед и Јувентус подолго време се во преговори и се верува дека двата клуба се блиску до зделка вредна околу 120 милиони евра.

„Црвените Ѓаволи“ исто така се имаат договорено со Пол Погба, но двата клуба не можат да најдат заеднички јазик околку провизијата на Мино Рајола.

Процентот на агентот е висок, или поточно околу 20 милиони евра, и ниту Јувентус ниту пак Манчестер јунајтед не сакаат да ја платат оваа сума.

Во меѓувреме, Мино Рајола ќе се врати во Италија откако изминатиов викенд во Мајами се сретна со Пол Погба.

Се најавува дека тој денеска ќе одржи нови средби со лидерите на Јувентус во обид да се комплетира зделката.