24фудбал

Бака е „планот Б“ на Барселона

Според пишувањата на Ел Мундо Депортиво, Барселона ќе се насочи кон Карлос Бака доколку не успее да го ангажира Лусијано Вието

Шпанија

„Каталонците“ со недели се обидуваа да стигнат до потписот на Аргентинецот, дури се говореше и дека зделката е начелно договорена, но се поизвесно е дека Барса ќе извиси и Лусијано Вието ќе се пресели во Севиља.

Па Барселона ќе треба да се насочи кон други цели, и според Ел Мундо Депортиво, Карлос Бака е „планот Б“.

Репрезентативецот на Колумбија е подготвен да го напушти Милан ова лето, и сака клуб кој ќе му понуди настап во Лигата на Шампионите.

„Росонерите“ за неговите услуги бараат околу 30 милиони евра.