24фудбал

Донарума: Сонувам за капитенската лента на Милан

17-годишниот голман на Милан, Џанлуиџи Донарума не планира да го напушти Сан Сиро, напротив, сака еден ден да стане капитен на росоњерите.

Италија

Најпозитивната работа која минатата сезона му се случи на Милан е Џанлуиџи Донарума, младиот голман кој се промовираше во првиот тим и го привлече вниманието на себе.

17-годишниот Донарума импресионираше со своите партии меѓу стативите па се појавија и шпекулации за негово заминување, но според неговите зборови тој не мрда од Милан.

„Сакам да потпишам нов договор со Милан, сакам да бидам тука во наредните години“ - вели Донарума.

„Од секогаш сум бил навивач на Милан и морам да кажам дека капитенската лента е мојот сон, тоа би било круна на мојата кариера“.

Донарума е свесен дека пред Милан е тешка сезона, Јувентус е се посилен и посилен, но тој го зима Лестер за инспирација.

„Ќе речам само дека тоа што Милан не се пласира во Европа оваа година, не смее да се повтори. Сезоната ќе биде тешка, но ако Лестер можеше...“.