24фудбал

Трајковски: Сакам комплетно да ги покажам моите квалитети

Напаѓачот на Палермо, Александар Трајковски вели дека работи напорно и сака во новата сезона да ги покаже неговите вистински квалитети

Италија

Репрезентативецот на „Црвено-жолтите“ денеска се појави на прес конференција и призна дека минатата сезона имал потешкотии при адаптацијата бидејќи не го познавал јазикот.

Но тоа сега е минато, Александар Трајковски добро го совладал јазикот, на италијански разговараше со новинарите и вети дека во новата сезона ќе ги покажа неговите вистински квалитети.

„Сакам комплетно да ги покажам моите квалитети – вели напаѓачот. „Минатата година се адаптирав на новата средина.

„Кога пристигнав не го разбирав јазикот и имав одредени потешкотии, но паузата ми помогна да научам италијански.

„Се чуствувам добро во Палермо. Тука го поминав одморот со сопругата, сестрата и нејзиниот сопруг. Градот е прекрасен.

„Работам напорно. Не се фокусирам на тоа колку погодоци ќе постигнам, но секако сакам да постигнам што повеќе. Мислам дека атмосферата во тимот е одлична и подготовките течат во најдобар ред.