24фудбал

Игуаин е фудбалер на Јуве, договорот на Аргентинецот доставен до Лига Серија А

Медиумите од Италија пренесуваат дека Гонзало Игуаин е нов фудбалер на Јувентус, „Старата Дама“ ги доставила сите потребни документи до Лига Серија А

Италија

Трансфер бомбата која минатата недела беше најавена се реализира, останува само уште да биде потврдена со официјалните соопштенија на Јувентус и Наполи.

Како што пренесуваат сите медиуми од Италија, попладнево генералниот директор на Јувентус, Бепе Марота пристигнал во канцелариите на Лига Серија А за да ги достави сите потребни докумнети.

„Старата Дама“ ја активира откупната клаузула во договорот на Гонзало Игуаин вредна 90 милиони евра.

Аргентинецот со Јувентус ќе стави потпис на четири годишен договор вреден 7,5 милиони евра по сезона.