24фудбал

Фудбалерите на Јунајтед тренирале во 6:30, само два часа по слетувањето од Кина

Фудбалерите на Манчестер јунајтед со 11 часовен лет се вратиле од Кина, а само два часа подоцна се појавиле на тренинг, во 6:30 утрото.

Англија

Турнејата на Манчестер јунајтед во Кина помина лошо, а кулминираше со откажувањето на пријателскиот меч со Манчестер Сити поради лошиот терен уништен од силниот дожд.

По 11 часовен лет од Кина, фудбалерите на Манчестер јунајтед пристигнале во Англија, а само два часа откако слетале Мурињо одржал тренинг, утринава во 6:30.

Тренинг сесијата не била само формалност, напротив, била многу сериозна и траела цели два часа.

„Тие се одлична група на момци и интензитетот на тренингот покажува дека се големи професионалци“ - изјави Жозе Мурињо по тренингот.

Следниот пријателски натпревар на Манчестер јунајтед е на 30. јули против Галатасарај, а на 3. август играат со Евертон, потоа следува Комјунити шилд дуелот со Лестер кој традиционално се игра една недела пред почетокот на сезоната.