24фудбал

Црвена звезда одигра нерешено кај Лудогорец, победа за Динамо Загреб

Црвена звезда одигра 2-2 на гостувањето кај Лудогорец, Динамо Загреб со 2-0 го победи Динамо Тбилиси.

Лига на Шампиони

Црвена звезда со позитивен резултат се враќа од Бугарија каде што одигра 2-2 против Лудогорец. Ова беше и натпревар на убави погодоци.

Со еден таков на Кафу домаќините поведоа со 1-0 пред крајот на првото полувреме. Но со почетокот на вториот дел Црвена звезда заигра многу подобро и дојде до комплетен пресврт.

Најпрво Катаи во 47. елегантно помина двајца противнички дефанзивци и погоди за 1-1, а потоа Канга со прекрасен гол од далечина носи водство на Звезда од 2-1.

Домаќините преку Касеру успеаа да изедначат во 77. минута, но во продолжението не дојдоа и до посакуваната победа.

Давид Бабунски не беше ниту на клупата на овој меч иако беше додаден во списокот на играч кои ќе бидат во комбинација за овие мечеви со Лудогорец.

Динамо Загреб со головите на Судани и Чориќ во првото полувреме го совлада Динамо Тбилиси со 2-0.