24фудбал

Де Лаурентис не може да му прости на Игуаин: Она што го направи е повеќе од предавство!

Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис го нападна Гонзало Игуаин по одлуката на напаѓачот да се пресели во лутиот ривал Јувентус

Италија

„Наполитанците“ не сакаа да го продадат Аргентинецот но не можеа да сторат ништо откако Јувентус вчера ја плати откупната клаузула вредна 90 милиони евра.

„Половина час откако бевме информирани од страна на Јувентус дека ќе биде платена клаузулата, почнавме да ја планираме иднината – вели Де Лаурентис во разговор со Кориере дело Спорт.

„Уште при првата изјава на братот на Игуаин разбравме дека треба да бараме нов напаѓач.

„Но искрено не очекував дека ќе замине и така лесно ќе ги фрли во вода трите години поминати во Наполи.

„Многумина мислат дека преувеличуваме кога говориме за предавство, но јас не се сложувам со тоа.

„Би рекол дека она што го направи е повеќе од предавство. Игуаин покажа неблагодарност.

„Сакам што побрзо да ставаме крај на целата сторија. Имав одредено мислење за Јувентус, очекував подобар однос од нив.

„Вистина е, имаше клаузула во договорот, и се беше според правилата, освен можеби тоа што играчот имаше тајни лекарски прегледи.

„Но таков е денешниот фудбал, суров и без сентименталност”.